СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да внесе раздор и поделби меѓу граѓаните

пред 3 години

Антиевропското ДПМНЕ и Мицкоски се радуваат на постапката на Бугарија, ете толку се против сопствената држава, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Александар Николоски кој побара формирање на Влада за национален спас.

„Ако сака да прави ретроспективи, Александар Николовски нека се наврати на 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше заглавена во изолација. Или на последните три години кога антиевропското ДПМНЕ направи се за да ги закочи реформите, за да го спречи напредокот, за да ја блокира интеграцијата во НАТО и ЕУ“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да внесе раздор кај македонскиот народ и поделби меѓу граѓаните.

„Граѓаните се за ЕУ, нашиот пат е европски, ќе продолжиме со силни напори да бараме решенија, нема алтернатива за нашата европска иднина“, порачуваат од владејачката партија.

Scroll to Top