СДСМ: Извртување иронични ставови нема да и помогне на ВМРО ДПМНЕ која прифати Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија

пред 2 години

ВМРО-ДПМНЕ оставка може да побара единствено од Христијан Мицкоски кој учествуваше на Конгрес на ЕПП, каде беше усвоена резолуција која ги промовира ставовите на Бугарија, велат од СДСМ.

Според партијата на власт, ВМРО ДПМНЕ едно зборуваат дома а сосем друго надвор, а работат против интересите на земјава.

„Денеска ВМРО-ДПМНЕ се обиде да извртува иронична изјава на премиерот на Албанија, чиј сарказам е познат во јавноста и се однесува на блокадата на Република Бугарија и односот кон процесот на проширување на ЕУ. Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив. И за време на Самитот на Опен Балкан и претходно, Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокора и Албанија“, појаснуваат од СДСМ, на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде оценуваат дека Ковачевски со гестот во Солун ја понижил Македонија, и побараа веднаш да си поднесе оставка.

„Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста“, потенцираат од партијата на власт.

Scroll to Top