СДСМ: Крвави се рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, секој ден се на страната на коронвирусот

пред 3 години

„Уште од првите моменти од пандемијата со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски се ставија на страната на коронавирусот и на секаков начин работеа против јавното здравје, против здравствениот систем.

Мицкоски бесрамно лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, потоа намерно ги прекршуваше мерките за заштита од КОВИД 19 и одеше во фитнес центри и ресторани кои не смееја да работат“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Целосно игнорирајќи го јавното здравје, желен за власт Мицкоски и неговата партија организира масовни предизборни собири на кои се кршеа мерките, а Наќе Чулев исто заради политички поени, охрабруваше да се прекршуваат мерките и најавуваше дека полицијата нема да казнува.

По налог на Мицкоски неговата послушничка Гордана Димитриеска Кочовска го кочеше заемот од Светска банка, пари за опремување на центрите за интензивна нега кои ако невреме беа опремени, ќе беа целосно подговтвени за есенскиот бран.

Колку Мицкоски навистина се грижи за јавното здравје зборува и тоа што членот на неговиот Извршен одбор Вело Марковски велеше дека вирусот не е опасен, дека ќе заврши за месец – два со што ги охрабри граѓаните да не ги почитуваат мерките.

Секој ден Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ работат против здравствениот систем. И кога организираат таканаречени протести и кога нивни пратеници кријат дека се заболени од коронавирусот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат крв на рацете заради таквото нехумано однесување, кое е на штета на граѓаните и нивното здравје“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Scroll to Top