СДСМ: Мрачниот некрофил Мицкоски се обидува да профитира од жртвите на коронавирусот

пред 4 години

Во овој сериозен период од пандемијата со коронавирусот, кога е неопходна голема одговорност од сите граѓани, доследно почитување на мерките за заштита за намалување на притисокот врз здравството, Христијан Мицкоски со својата морбидна некрофилна политика останува најголема закана за здравјето на граѓаните и подмолно се обидува да профитира од смртта на жртвите на коронавирусот, велат од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ цело време го поткопуваат здравствениот систем, ја попречуваат борбата против вирусот, ги прекршуват мерките и водат мрачна, некрофилна кампањата. Мицкоски се подбиваше со заболените од коронавирусот кога ги кршеше мерките и одеше во ресторан или во теретана, кога организираше настани на кои не се носат маски и не се држи дистанца“, се наведува во соопштението.

Според партијата, Мицкоски не мислел на последиците кога Вело Марковски зборувал дека вирусот не е опасен, ниту денеска кога овој член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од СДСМ, од ракав дели терапии и кажува како не треба да се лекуваат заболените од коронавирусот.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, не се откажаа од платите во Собрание, од паушалите во Советите на општините, не донираа ниту една маска, средство за дезинфекција. Напротив, го допреа дното со неконструкитвно однесување, опструкции и критики. Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за здравјето, додека Мицкоски се радува на починати“, пишува во соопштението.

Scroll to Top