СДСМ: Николовски и Мицкоски ги признаа сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 години

Христијан Мицкоски и Александар Николоски ги признаа сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, меѓу кои и за случајот „Таргет – Тврдина“, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Николоски.

„ Мицкоски и Николовски, признаваат се, вклучително и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од нивните ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков нелегално прислушувале и уништувале животи и кариери на неистомисленици. Од друга страна и Николовски и Мицоски, процесите во судовите ги нарекуваат политички, а обвинетите жртви на политички прогон.

Бидејќи Мицкоски и Николовски ги признаа сите злодела, треба јавно да се извинат на граѓаните и да ги повикаат сите од белиот дворец, сегашни и минати функционери, на соочување со одговорност пред судовите“ се додава во реакцијата.

Scroll to Top