СДСМ: Продолжува поддршката за стопанството

пред 3 години

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски мерки за поддршка и помош на домашната економија и компаниите погодени со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот велат од СДСМ во соопштение.

-Кредитите во висина од 3.000 до 30.000 евра се наменети за микро, мали и средни трговски друштва до 250 вработени од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, кои имаат пад на приходите од најмалку 30% и капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит. Овие бескаматни кредити имаат грант компонента до 50%, односно до 15.000 евра, која се применува ако корисниците годинава ги зголемат приходите за најмалку 10% и ако го зголемат бројот на вработени за најмалку 5% во однос на 2020 година се вели во соопштението од партијата.

Scroll to Top