Седумдесет и пет санкции за брзо возење на автопатот Куманово-Велес и скопската обиколница

пред 3 години

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот вчера спровела засилена контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје при што санкционирани се 75 возачи.

Од МВР денеска информираа дека од нив, 13 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час над дозволената.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведоа од МВР.

Scroll to Top