Седум пациенти хоспитализирани во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника два во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.

Scroll to Top