Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 27 нови пациенти

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 459 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 21 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од МЗ.

Scroll to Top