Сексуалните работници годинава нема да организираат Марш на црвениот чадор

пред 3 години

Оваа година, сексуалните работници здружени во СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, и нивните поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини по 13-ти пат се приклучуваат кон глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Овогодинешната кампања насловена „Ние” ја посветуваат на борбата против насилството и дискриминацијата со кои се соочува нашата заедница, особено во кризни ситуации како што е актуелната состојба со Ковид-19 пандемијата.

„Оваа година, грижејќи се за сопственото и јавното здравје, нема да го организираме традиционалниот Марш на црвениот чадор, меѓутоа ќе одржиме прес конференција која ќе се одржи со почеток во 12 часот пред фонтаната „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“. Прес
конференцијата ќе се одржи во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање на јавни настани од овој тип, со строго почитување на мерките за заштита од ширење на Ковид-19 вирусот“, велат организаторите.

Тие најавуваат дека во 18 часот ги тргнат завесите од излозите на Универзална сала каде ќе биде изведен уметничкиот перформанс. „ Пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе Ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и
посетите на атрактивните сексуални работнички.Овој тричасовен перформанс преку директен пренос ќе може да го следитена Фејсбук страната на СТАР – Прв колектив на сексуални работници наБалканот и на партнерите, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција
МАРГИНИ“, најавуваат организаторите.

Сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди. (И)легалниот статус, потешкиот пристап до здравствените услуги, големата изложеност на насилство и етикетирањето се причината да ги губиме основните човекови права. Секојдневно сме изложени на насилство не само од своите клиенти туку и од органите на безбедноста
што би требало да не заштитат. Голем дел од предизвиците за човековите права, слабостите и бариерите со кои се соочуваме ние сексуалните работници се должат на криминализацијата, рестриктивните закони, регулативи и практики.

Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници за прв пат беше одбележан во 2003 година, како спомен и бдеење за жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Оттогаш, со одбележување на овој ден им се овозможува на сексуалните работници ширум светот да се здружуваат и со заеднички сили да се борат против дискриминацијата и
насилството.

Овогодинешната кампања „Ние” по повод обележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија и SWAN – Sex Workers’ Rights Advocacy Network.

 

Scroll to Top