Семејството на родилката која почина на ГАК, тврди дека немала проблеми во бременоста

пред 4 години

Семејството на родилката која почина на ГАК од искрварување тврди дека родилката немала никакви проблеми во бременоста. Тие бараат објаснување зошто, како што велат, гинекологот кој ја примил 40-годишната Кадрие Јашар и ѝ направил це-те–ге и рекол да си оди дома и да се врати за два часа бидејќи за породување било се уште рано, пренесува Нова ТВ. – Таа немаше никакви проблеми, а на Гинекологија отидовме затоа што почнаа породилните болки. Кога стигнавме пред влезот во Шуто Оризари, таа почна обилно да крвари и ние веднаш се вративме назад. Ја хоспитализираа, тоа беше попладнето, околу 16: 30 часот најдоцна. Во 20: 30 вечерта ни се јавија да дојдеме бидејќи, како што ни рекоа е, е во критична состојба“, изјави за НОВА, нејзиниот внук од брат Фејзула Јашаров. На ГАК потврдија дека на родилката и бил направен царски рез, а после тоа поради обилно крварење уште една интервенција кога била извадена матката. Бебето било живо при првиот преглед и направеното це-те-ге, а кога се вратила било мртво. Но, спротивно на тврдењето на семејството, на ГАК велат дека гинкологот и рекол да поседи надвор и да се врати за час и половина.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top