Скопскиот локал „Мош“ е затворен поради пречекорување на работното време, а не поради турканиците

пред 4 години

Инспекторите го затвориле скопскиот локал „Мош“ каде вчеравечер на забавата со Владо Георгиев, имаше гужви и турканици меѓу посетители. Но, локалот не е затворен поради непочитување на протоколите, туку затоа што претходната недела, работел и по работното време, односно по 1 часот на полноќ. Запечатувањето на локалот е направено денеска бидејќи инспекторката која го изготвила решението е во самоизолација поради контакт со нејзина колешка, позитивна на коронавирусот. Инспекторите ќе бараат поголеми ингеренции, најавува Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат. „Во законот нема превидено затворање доколку не се почитуваат протоколите. Дозволено е само кривична пријава до судот. Затворање е само за прекувремено работно време, односно по 12 во работни денови или по 1 во петок и сабота. Тогаш можеме да ги затвориме од 10 до 15 дена. Тука најголем дел пазат. Но, не пазат во гужвите“, вели директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски за „А1он“. Кривични пријави вчера се поднесени против два угостителски објекти во Струга, каде исто така не е почитувале протоколите за заштита од коронавирусот. Пауновски вели дека инспекторите затекнале маса на луѓе кои биле станати, играле и имало гужва без дистанца. „Го опоменале газдата, а тој рекол ‘Не можам јас да ги смирам, смирете ги вие’. Ние не смируваме гости, ниту имаме право да се расправаме со нив. Инспекторите веднаш пишале кривична пријава на двете места“, додава Пауновски. Инаку, досега судот има донесено 25 пресуди за 23 правни субјекти. Дел од казните кои се изречени се веќе наплатени. Меѓу фирмите е и струмичкиот клуб „Аватар“, кој доби парични казни, од кои, едната веќе ја платил. Текстот Скопскиот локал „Мош“ е затворен поради пречекорување на работното време, а не поради турканиците е превземен од А1он .

Scroll to Top