Скопјанец загина во сообраќајка на излезот од Гевгелија

пред 4 години

Утрово,околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесетгодишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис“ со бугарски регистарски ознаки.

До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени гаражи покрај околните згради.

Увид на лице место извршија екипа на ОВР Гевгелија и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

ФОТО: МИА

Извор: a1on.mk

Scroll to Top