Скопјанец ја силувал својата ќерка

пред 3 години

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен за родосквернавење.

„Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот“, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност осомниченниот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото.​

Scroll to Top