Сообраќајна несреќа кај поранешна градска болница во Скопје, едно лице почина

пред 3 години

Едно лице почина по сообраќајна несреќа што се случила вчера кај поранешна градска болница во Скопје.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од Б.М.(37) од Скопје и „шкода октавија“ управувана од Ј.В.(50) од Скопје.

По незгодата, кај сопатникот во „мерцедесот“ Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во болницата „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, додека кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди.

Scroll to Top