Сопружници од Чаир пронајдени мртви во нивниот дом

пред 3 години

Сопружници кои живееле на булеварот „Босна и Хереговина“, кој ги дели скопските населби Чаир и Бутел, вчера попладне биле пронајдени мртви во сопствениот дом, соопшти МВР.

„На 06.05.2021 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„Босна и Херцеговина“ биле пронајдени починати А.М.(58) и С.М.(57). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција“, се вели во соопштението.

Scroll to Top