Повеќе од 30 мигранти пронајдени во комбе кај Марвинци

пред 3 години

Над 30 мигранти се пронајдени во товарно возило вчера утрото на магистралниот пат во близина на с.Марвинци.

„ Во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер“. По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти“ соопшти МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Scroll to Top