Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Струмица, возачот избегал од местото

пред 4 години

Засега непознато возило на улицата „Климент Охридски“ пред крстосницата со локалниот пат за село Градско Балдовци во Струмица, удрило во велосипедист Т.А.(56) од село Куклиш, при што тој се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани од доктор во Медицински центар Струмица.

Како што соопшти МВР, незгодата се случила вчера изутрина во 05.30 часот,

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.

Scroll to Top