Спасовски во Ѓорче Петров: Околу 55.000 членови го ажурирале своето членство

пред 3 години

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски денеска беше меѓу граѓаните на општина Ѓорче Петров, каде посети неколку долгогодишни членови кои го ажурираа своето членство во СДСМ.

Спасовски пред граѓаните истакна дека досега околу 55.000 членови го ажурирале своето членство, дека процесот на реевиденција и активна регистрација кој трае до 25 февруари ќе финишира со организација на првите внатрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ.

„И овде во Ѓорче Петров како и во другите општини низ државата, голем е интересот за реевиденција на членството, но голем е и интересот на нови членови кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ. Тоа е така затоа што граѓаните го препознаваат лидерството на СДСМ, ги препознаваат успешните политики што нашата партија ги презема и на домашен и на меѓународен план. Резултатите од таквите политики се полноправното членство во НАТО, зголемената минимална плата, зголемената просечна плата, повисоките пензии за 320.000 пензионери, помошта кон стопанството, успешно справување со економските последици од глобалната пандемија. Граѓаните знаат дека со СДСМ е сигурно, дека со СДСМ, државата, економијата, целото општество се движат напред и затоа ја даваат довербата“, посочи Спасовски.

Потпретседателот Спасовски порача дека СДСМ продолжува да се менува, за уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата.

Scroll to Top