Социјалдемократите го ажурираат своето членство во пресрет на изборите за лидер

пред 3 години

25 илјади членови на СДСМ го ажурирале своето членство во партијата, во пресрет на првите непосредни внатрепартиски избори, рече генералниот секретар Љупчо Николовски при денешната посета на Кочани.

Процесот на ажурирање на членството се уште тече, а Николовски вели дека почитувајќи ги сите мерки за заштита на здравјето, СДСМ се менува за уште подобро да им служи на граѓаните.

Овој процес ќе се финализира на 21 март со првите непосредни, демократски, внатрепартиски избори кога социјалдемократите ќе гласаат за претседател на партијата.

Scroll to Top