Средба меѓу Заев и Мицкоски договорена за во понеделник

пред 3 години

Во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници ќе разговарам со Христијан Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, објави на социјалните мрежи премиерот Зоран Заев.

Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници….

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 25 март 2021

Состанокот е договорен откако претходно вечерва, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, го повика премиерот на средба, бидејќи, како што рече, државата и граѓаните се во грч, а се очекува сериозност и консензус за важни прашања.

„Го повикувам Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници во ден и време кога тој ќе избере, стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време онака како што на нему му одговара, да разговараме за сите оние проблеми коишто се од животно значење за граѓаните, од кризата од пандемијата, до работата на парламентот, за се што е денеска отворено, а нерешено, а стои на маса“, повика Мицкоски изразувајќи надеж дека на овој начин ќе може да се постигне некаков консензус за актуелните случувања.

Scroll to Top