Средба на министерот за правда Маричиќ и претседателот на Уставниот суд Мурати

пред 3 години

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати.

На средбата, како што објави на Фејсбук министерот Маричиќ, разговарале за повеќе теми како владеење на правото и унапредување на соработката со цел постигнување на европски стандарди во правосудството.

Претходно, претседателот на Уставниот суд, Мурати беше примен од премиерот Зоран Заев. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, меѓу другото станало збор за актуелните прашања од сферата на уставното судство и правосудството.

Scroll to Top