Стефоска: Кај сите нас е одговорноста за губењето на статусот на УНЕСКО за Охрид

пред 3 години

За да одговориме на препораките и барањата на центарот за заштита на свесткото култрно наследство од УНЕСКО, одговорноста мора да ја понесеме сите, рече министерката за култура, Ирена Стефоска.

„ Охрид и охриидскиот регион мора да стане национален стратешки приоритет, точка на обединување, и само така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од Центарот за светска заштита на УНЕСКО. Не амнестирам никого од одговорност, но за жал има институции кои не си ја завршуваат работата“ рече Стефоска.

Дивоградбите во Охрид и негрижата за недвижното култирно наследство беа посочени од Комисијата на УНЕСКО како најголема причина Охрид да го загуби статусот и да биде избришан од листата на светско културно наследство.

Scroll to Top