Странски државјанин приведен поради поседување опојна дрога

пред 3 години

Во петокот во 21,45 часот во Кичево, полициските службеници од ОВР-Кичево го привеле и го лишиле од слобода 28-годишниот Б.Х. од Германија со престој во Кичево. При преглед кај него била пронајдена марихуана.

Како што информира Стефан Димоски од СВР-Охрид, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top