Приведени двајца стружани поради дрога

пред 4 години

Изутринава во 01.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле Н.Д.(34) и Ј.Т.(23) од Струга, бидејќи на магистралниот пат Кичево-Охрид, при извршен преглед на патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, кај Ј.Т. сe пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, а кај Н.Д. е пронајдена и одземена банкнота со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top