Судија разрешен поради нестручно и несовесно вршење на функцијата

пред 3 години

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 357-та седница одржана денеска во постапките за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд донесе одлука со која е утврдено нестручно несовесно вршење на судската функција, одлука со која е изречена дисциплинска мерка писмена опомена и одлука со којa е разрешен судија од вршење на судиската функција.

Во образложението на одлуката од Судскиот совет велат дека причината за разрешувањето е нестручно и несовесно вршење на судиската функција, како и дека истовремено е донесена одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.

Како што е наведено во известувањето објавено на веб страницата на Судскиот совет формирани се комисии на известувачи по поднесените барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

На седницата по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд е продолжена постапката, донесена е одлука и за престанок на функцијата на судии поротници на Основен суд Прилеп и за избор на судии поротници на Основен суд Прилеп, а разгледани се и извештаите на комисиите во повторените постапки по повод конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Советот одлучи комисиите да ги доработат извештаите по дадените насоки.

Scroll to Top