Приведени две лица од Штип, затекнати при вршење на тешка кражба

пред 3 години

Полициски службеници од ПС Штип ги лишиле од слобода штипјаните Т.М. и Н.А. на 28 и 19-годишна возраст, затоа што вчера по 23 часот биле затекнати при вршење на кражба од градежен објект.

– На 18.04.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), двајцата од Штип, затоа што околу 23.35 часот на ул.„Борис Крајгер“ во Штип биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од градежен објект, информира МВР.

Од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице. По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top