Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“, битолчанец со нож ранил скопјанец

пред 3 години

Затвореници од Битола и од Скопје се степале вчера во казнено-поправната установа „Идризово“, а битолчанецот, кој бил напаѓачот, со нож го ранил девет години помладиот осуденик од Скопје, соопшти полицијата.

„Во СВР Скопје, вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје“, соопштија од МВР.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, инфомираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додават од полицијата.

Scroll to Top