Тепачка пред судот во Струмица (видео)

пред 4 години

Повеќе лица учествувале во физичка пресметка на тротоарот пред влезот во Основниот суд во Струмица, претпладне околу 10:00 часот. Настанот го потврдија од струмичката полиција. Оттаму информираат дека веднаш интервенирале полициски службеници и било спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир. Додаваат дека полицијата работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Пресметката ја потврдија и од Основниот суд во Струмица. Според портпаролката на судот, Мариета Дуќиќ, инволвираните во тепачката претходно биле на судење, а инцидентот се случил надвор од судската зграда, на тротарот пред влезот (МИА) Струмица лајв pic.twitter.com/5379gaTCCb — Ристо Разбираш (@luck15c) September 21, 2020

Извор: vecer.mk

Scroll to Top