Тетовец возел со 300 км на час, објавил на Тик-Ток, една година ќе биде без возачка дозвола

пред 3 години

Службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го откриле и санкционирале 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило „Бе-Ем-Ве“, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час.

Б.Ј. потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Од МВР информираат дека согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Б.Ј. му е изготвен поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.

Scroll to Top