Тетовец со „бе-ем-ве“ на автопат возел со 300 километри на час, казнет со 400 евра

пред 3 години

Полицијата казни 24-годишен тетовец кој на автопат возел со брзина од 300 километри на час.

Според информациите на МВР, полицијата вчера го казнила 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој со „бе-ем-ве“, со тетовски регистарски ознаки околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата тој треба да плати парична казна од 400 евра, а ќе му биде одземена и возачката дозвола до една година.

Scroll to Top