Тетовец доби кривична пријава, градел викендичка на државно земјиште кај Попова Шапка

пред 3 години

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности “ и „бесправно градење“.

Во текот на 2020 година, на Попова Шапка, на место викано „Јелак“, пријавениот во својство на инвеститор без да поседува соодветна документација изградил викенд куќа на државно земјиште. На 11.01.2021, овластени службени лица од Попова Шапка на наведеното место забележале градежни работници како изведуваат градежни работи.

Истиот ден, увидна екипа при СВР Тетово извршила увид на местото на настан, за што била изготвена документација.

Scroll to Top