Тетовец приведен поради физички напад врз 18-годишната ќерка

пред 3 години

Жител на Тетово е приведен од полицијата вчера попладне откако неговата ќерка го пријавила дека физички ја нападнал неколку часа пред тоа.

-Вчера во 17 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец А.Т., постапувајќи според пријава од 16 часот, според која околу 13 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка, информираат од СВР Тетово.

Тетовецот бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Scroll to Top