Приведен 25-годишен тетовец за издржување на затворска казна

пред 3 години

Полициски службеници вчера попладне привеле 25-годишен тетовец кој се барал за издржување на казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, информира МВР.

– На 30.04.2021 во 17.15 часот на улицата „Видое Смилиевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно добиена наредба од Основен суд Тетово го лишиле од слобода Н.Б.(25) од Тетово, кој се барал за издржување на казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Н.Б. бил приведен во полициска станица, а потоа и спроведен во Затворот во Тетово за издржување на затворската казна.

Scroll to Top