Тешка сообраќајна несреќа во скопско Трубарево

пред 4 години

Денеска околу 13.00 часот во с.Трубарево се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Д. (1948), пешак малолетник и мотор управуван од Ќ. И. (1980) од.с.Долно Лисиче. Возачот на моторот на лице место им подлегнал на повредите. Со возило на Итна медицинска помош Д. Д.и малолетникот се пренесени во Ургентен Центар.

Увид се врши на местото на несреќата, информираат од МВР.

Телевизијата „Канал 5“ информира дека десетгодишното дете им подлегнало на повредите.

Scroll to Top