14-годишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа во Марино

пред 3 години

Момче на возраст од 14 години го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, која се случи во скопското село Марино.

Неофицијалните информации говорат дека несреќата се случила околу 13 часот, кога се судриле автомобил „Рено“ управуван од 30 годишен маж и моторцикл „Априлија“ управувано од загинатото момче.

Смрт кај 14-годишникот била констатирана од екипа на Итна медицинска помош, а телото било дадено на обдукција. Тој веднаш по сообраќајката, на лице место, им подлегнал на повредите.

Причините за несреќата се утврдуваат.

Scroll to Top