Тинејџер од скопско пукал во куче, а погодил врсник од соседното село

пред 4 години

Вчера околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопското село Копаница, 16-годишен жител на Бојане бил повреден со огнено оружје, информираат од МВР.

Младото момче било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување помош, а како осомничен за пукањето бил уапсен врсник на ранетиот, кој бил од соседното село Копаница. За него било пријавено дека од пиштол пукал во куче, но го промашил, а куршумот завршил во малолетникот, велат од полицијата.

Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето, се вели во соопштението од МВР.

Scroll to Top