На пукањето пред Градска болница, му претходел вооружен инцидент во скопско село

пред 3 години

На пукањето пред Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, неофицијално му претходел вооружен инцидент во скопското село Љубош. Едно лице е веќе на операција, откако се здобило со рана од куршум. На второто лице му е исто така пружена помош, а неофицијално имал повреда на вилицата. Од МВР велат дека кај нив било пријавено дека имало пукање помеѓу четири лица, но во селото Љубош.

„Во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Подетални информации околу пукотниците кои следеле пред Градската болница, ќе има по увидот.

Scroll to Top