Товарен воз удрил во автомобил кај Велес, нема повредени

пред 3 години

Во попладневните часови на 18 март во велешката полиција било пријавено дека на железничкиот патен премин Велес-Згрополци-Велес се случила железничка незгода помеѓу товарен воз и автомобил „фолксваген туран“.

Автомобилот, со скопска регистрација, бил управуван од 55-годишниот М.З. од селото Кадино.

За среќа, во незгодата немало повредени лица.

Од МВР информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од екипа на велешката полиција.

Scroll to Top