Три потврдени случаи на новиот вид коронавирус во земјава, еден починат

пред 3 години

Британскиот вид коронавирус е детектиран уште кај двајца пациенти во земјава. Еден од нив кој имал коморбидитет починал, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен, соопштија од Министерството за здравство.

Починатиот е 46-годишен маж, кој имал претходни хронични заболувања. Позитивен тест на КОВИД-19 добил на 4 јануари, а починал на 8 јануари 2021 година.

Досега кај тројца пациенти во земјава е детектиран британскиот сој коронавирус. Претходно, здравствените власти на 27 јануари објавија за првиот пациент заразен со овој вид на вирусот, кој веќе е оздравен. Вирусот беше детектиран во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје при анализа на примероци од јануари.

Според епидемиолошките анкети ниту еден од тројцата мажи не патувал во странство.

Scroll to Top