Тројца тешко повредени откако автомобил излетал од пат во скопско Кучково

пред 4 години

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на локален пат во селото Кучково, скопско.

Според информациите, несреќата се случила кога автомобил „фиат добло“, управуван од 19-годишниот П.М. од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С. од Скопје на 19-годишна возраст, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Н.Е. исто така на 19 години, кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top