Уапсен жител на Ченто, сакал да тепа полицаец

пред 3 години

МВР соопшти дека вчера во Ченто е уапсен 57-годишен жител на скопската населба, кој сакал да тепа полицаец.

„На 29.04.2021 околу 12.30 часот на ул.„Финска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(57) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија,“ велат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во полициското соопштение.

Scroll to Top