Во Струга уапсен жител на Франгово, носел пиштол без дозвола

пред 3 години

Полицајци од Одделот за криминалистичка полиција при Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид – ОВР Струга денеска околу 16 часот на влезот од Струга го лишиле од слобода А.А.(42) од с.Франгово затоа што при извршен претрес, по претходна добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен Суд Струга, во патничкото возило „мерцедес” кое го управувал, бил пронајден пиштол марка „хеклер и кох компакт” и 50 куршуми калибар 9 мм.

За настанот, како што соопшти полицијата, е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен поднесок по чл.396 од Кривичниот законик.

Scroll to Top