Упасен кумот на Груевски за спорните плацови на Водно

пред 4 години

Полицијата го приведе Ристо Новачевски, кој е кум на азилантот Никола Груевски, по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Новачевски е уапсен поради спорните плацеви на Водно, а каде како купувачи се јавуваат of shor компании.

Една од фирмите, сопственик на дел од земјиштето кое се протега на повеќе од 10 илјади квадратни метри на Водно, е во сопственост на Новачевски.

Инаку, истрагата на Обинителството за земјиштето на Водно опфаќа повеќе бизнисмени, како и поранешен функционер. За Новачевски е познато дека беше член на Одборот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост. Тој ќе биде однесен пред судија на претходна постапка.

Од Обвинителството засега нема информации за кои дела ги гонат осомничените.

Scroll to Top