Утре прекин на електронските услуги на скопски „Водовод и канализација“

пред 3 години

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради планирана системска интервенција, електронските услуги на веб страната на претпријатието www.vodovod-skopje.com.mk, како и мобилната апликација утре нема да бидат достапни за корисниците.

Предвидено е прекинот да трае до 17 часот.

– Имајќи ја предвид можноста за прекин на достапноста на телефонскиот број на Дежурно Информативниот Центар, 02 3073 010 во текот на утрешниот ден, за итни случаи корисниците ќе можат да се обратат на 072 304 269, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и додаваат дека дополнително ќе известат за достапноста на електронските сервиси.

Scroll to Top