Водовод и канализација: Водата за пиење во Скопје безбедна и микробиолошки исправна

пред 4 години

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека врз основа на резултатите од контролата на водата за пиење во град Скопје направена од 5 до 9 октомври, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

– Секторот за санитарна контрола во периодот во периодот од 05.10.2020 до 09.10.2020 зема 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се посочува во соопштението од скопски Водовод.

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, наведуваат од Водовод.

Scroll to Top