Утре променливо облачно време, од сабота снег на планините

пред 4 години

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во четврток и петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во сабота ќе има продор на постудена воздушна маса проследен со засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите и слаб снег на планините.

Scroll to Top