Училиштата во Карпош подготвени за прием на ученици

пред 4 години

Основните училишта во општина Карпош деновиве интензивно се подготвуваат за почеток на учебната година од 1 октомври. Како што информираат од општината, поставени се насоки на движење, дезинфекциони бариери, креативни упатства, клупи на растојание, ново – адаптирани училници. За да се привлече вниманието на најмладите, на учениците од прво, второ и трето одделение сите упатства се со воочливи бои и симболи кои стимулираат интеракција и следење на протоколите. Во училиштата, овие денови се врши и обука на наставниот кадар за работа на националната онлајн платформа. Локалната самоуправа обезбедува и дополнителна ИТ опрема (компјутери, слушалки и камери) за наставниците, со цел наставата да се одвива без пречки. Секое од училиштата има и просторија за изолација, во случај ученикот да развие симптоми на коронавирусот. Секое училиште има обезбедено и повеќе влезови, пристапи кон училниците. „Ова е период кој бара одговорност од сите нас. Заради непредвидливоста на вирусот, никој не може да вети стопроцентна подготвеност, но Општина Карпош и управите на десетте основни училишта работат со сите капацитети за да се обезбеди безбеден прием на учениците до трето одделение и непречена настава по електронски пат“, велат од општината. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top