Фатени двајца крадци кои обиле 16 автомобили во Шуто Оризари

пред 3 години

Полицијата ги приведе А.И. (18) и Ш.М. (26) од Скопје поради извршени 16 тешки кражби во возила на територијата на општина Шуто Оризари.

„Тие со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудио опрема и други предмети“, велат од МВР.

При приведувањето, пронајдени биле дел од предметите кои веќе се вратени на сопствениците.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до обвинителството.

Scroll to Top