Фатени разбојници кои краделе од градежни машини кај Матка

пред 2 години

Одделението за криминалистички работи од Ѓорче Петров и полициското одделение Сарај на 13 март ги лишиле од слобода Ј.И. (20) и Ф.И. (23), двајцата од скопското село Глумово.

Како што информираат од МВР, во 14.10 часот тие биле затекнати при извршување на тешки кражби од градежни машини, сопственост на две правни лица кои изведуваат градежни работи во атарот на селото Горна Матка.

Двајцата биле приведени и со нив бил извршен службен разговор, а украденото е одземено од нив и ќе биде вратено на оштетените. По целосното документирање на случајот ќе следат и соодветни кривични пријави.

Scroll to Top